страници

 

јануари 2012
П В С Ч П С Н
« апр    
 1
2345678
9101112131415
16171819202122
23242526272829
3031  

Бројач

Сите тие краеви…

април 26th, 2011 од snowmen

Додека чекореше низ мешаницата од звуци, единствено нешто што слушаше беше тропотот на неговите чевли. Тие знаеа каде го носат, а тој знаеше од што бега. Додека шетaше низ градот, луѓето што поминува спроти него личеа на сенки. Нивните залутани погледи како да гледаа низ него. Небаре беше дух околу луѓе. Но всушност ниту тој не ги загледуваше како што треба. Не на нивните глави немаше лица. Или ако ги имаше необјасниво беа исти. И сите како некаде да брзаа. Брзаше и тој. Но не на место исто на ова. Како што се доближуваше до автобуската станица, луѓето беа се поретки, звуците беа се потивки а сликите се поматни. Туркајќи го својот куфер во кој за жал или среќа беше спакувано сето негово дводецениско постоење, седна на една од клупите. Низ главата веќе не му поминуваа слики, не му трештеа зборови. Во нејзе имаше само мисла за тоа како ќе биде кога ќе стигне на посакуваното место. Не постоеше ниту една единствена работа што го држеше овде. Дури и немаше никој крај него кога реши да се одвои од неговиот роден град. Не затоа што навистина немше, туку затоа што тој не сакаше некој да го испрати. Не затоа што не веруваше во збогум, туку затоа што знаеше дека повторно ќе се врати. Ако не догодина, во таа после нејзе. Ако не тогаш, за некои дваесет триесет години. Веруваше дека кога и да дојде градот повторно ќе го пречека. Градот во кој го врежа целото негово постоење. Сите болки и радости, сите победи и порази беа рассеани низ сивиот град. Речиси и да не постоеше агол, од каде не можеше да си собере по некој спомен. Но и нив ги остави. Ги остави да му се најдат тогаш кога ќе реши да се врати. Погледнувајќи на часовникот сфати дека и премногу поранил. Сфати дека градот го брка од неговите пазуви. Тоа секако беше уште дополнителна но крајно непотребна причина. Расчисти тој со својот град уште многу одамна. Од моментот кога сфати дека овде веќе и да не постоеше врата која барем малку му е подотворена, не постоеше ниту најмала шанса да се обиде да живее наместо да вегетира и напразно да ги троши деновите. Не немаше. Неговиот град го шутна како празна конзерва. Ова беше ноќ кога мораше уште еднаш да стави крај. Сите тие краеви…болни и празни…очајни и тешки. Сите беа слични. А и зошто не би биле, кога сите краеви, ма какви и да се значат дека нешто завршува дека човек нешто губи…нешто што некогаш го имал и барем малку му значело. Но не беше случај и со овој. Како овој крај, како оваа точка на неговото дишење во сопствениот град, да беше една завеса. Да завесата тука ќе се спушти, но на илјадници километри северно таа ќе се крене. Ќе го повика на сцената со некоја нова улога на некоја нова и поголема бина. Единствено што ќе треба е тој да ја одигра најдобро што може.Како овој крај, како оваа точка на неговото дишење во сопствениот град, да беше една завеса. Да завесата тука ќе се спушти, но на илјадници километри северно таа ќе се крене. Ќе го повика на сцената со некоја нова улога на некоја нова и поголема бина. Беше подготвен на тоа. Речиси механички ја напушти клупата кога ја слушна неговата дестинација. Набрзина отрча до автобусот, го смести куферот и седна на неговото место. Не успеа ниту удобно да се намести, а авотбусот веќе тргна. Како и тој да сакаше што побрзо да го напушти сивиот град. A кој не би сакал? Илјадници луѓе би занимале. Во првиот нареден миг, доколку можеа се разбира. Во нивните очи немаше сјај, постоеше само по некоја залутана искра. И во неговите очи имаше иста искра. Не беше тоа искра која дава знак дека очите се живи. Не, тоа беше фенер кој го бараше ветениот пат. А тој…тој беше толку далеку. Толку далеку од овие тажни улици, накитени со лажен оптимизам и скапи автомобили. Далеку од сиве овие мрачни лица, чии погледи најдолго дофрлаа во соседниот двор, без да забележуваат што има во нивниот. Токму таа искра му ги осветлуваше патиштата низ оваа некогаш прекрасна а денес толку мрачна земја. Никогаш толку не му се израдувал на граничниот премин. Никогаш порано не се надевал дека првото место зад границата ќе му изгледа толку магично, и толку далечно од сопствениот град. Го погледна печатот во пасошот, кој на момент да му се причини како да е излез од пеколот и срамежливо се насмевна. Како да се ослободил од некој товар кој морал да го носи сиот живот. Не беше тој истиот. Го врати пасошот во јакната, погледна околу себе и се навали во седиштето. Долг пат го чекаше, па едноставно мораше да одмори. На момент му падна жал, за сите оние кои останаа дома, а кои очајно требаше да заминат. Но само за момент. Веќе во наредниот, со секој нов километар оддалеченост од неговиот град, од неговата земја, тој изгледаше се поведро и се помладо. Ги затвори очите и задоволно заклучи дека заврши сонувањето. Дека конечно започна да го живее сонот.

Posted in раскази | 4 Comments »

Совршените приказни немаат среќен крај

јануари 11th, 2011 од snowmen

Можеби денот му мина брзо. А навикнат беше на тоа. Домот во кој се прибра многу наскоро мораше да го напушти. Повторно.

Денот споро и мина. Цела вечност во радиус од неколку соби. А не требаше така. Сепак беше пролет.

Оддалечени на неколку километри, секој над својата перница. Секој во сопствениот свет. Секој во сопствената приказна. Немаа повеќе заедничка.

Мисли ли на мене додека и јас на нејзе? Прашањето во неговата глава не бараше одговор.

Морам да престанам да мислам на него. Тој сигурно не го прави тоа. Гласовите во нејзината глава беа пресилни.

А морам да спијам. Секоја мисла е сон помалку. Сон што очајнo ми треба.

Сигурно сега некаде пие и се глупира.

Па не е будала сигурно. Нема да се оптоварува со мене. Таа спие. А јас…јас сум идиот.

Моја вина е. Не знаев дека е толку осетлив.

Ама не е таа виновна. Сам себе си одредив ваква улога.

Ми фали…

Аххх…да беше овде…се би и простил.

Нема смисла…доцна е. Прошепоте додека го земаше телефонот.

Не! Не се јавувам! Се дереше додека го оставаше телефонот.

Ма не се замарам. Ионака се понаша идиотски. Помисли и се стркала во креветот.

Нека иде во бестрага. Нејзина е вината. Стана и запали цигара.

Ноќта траеше и продолжи без нив. Само нивните мисли лебдеа над градот. Неговите кон нејзините, нејзините кон неговите. Но во стварноста, тие не мрднаа подалеку од собите на двајцата. Стравот ги држеше на ланец. Стравот на обајцата. Не знаеа кој се плаши повеќе. И од што. Нивната приказна имаше убав почетокј. Немаше хепи енд…но и не им требаше. Совршените приказни немаат среќен крај.

Posted in раскази | 8 Comments »

Страв

ноември 21st, 2010 од snowmen

Можеби е до полната месечина или можеби до недоволно изветреаниот алкохол во мојава глава.  Можеби затоа што е недела…не знам. Но знам дека е во мене. Стравот денес дојде порано од вообичаеното.  Денес не ја живеам мојата улога. Денес се плашам. Се плашам да пишувам. Обично пишувам лоши работи кои уште полошо се реализираат. Се плашам и да сонувам. Она што го сонувам никогаш не се остварува. А знам убаво да сонувам. Или знаев… денес и не се сеќавам на соновите. Се плашам дека имам се помалку време за да го добијам она што се повеќе го посакувам. Ме плаши помислата дека утре ќе се плашам да мислам на денес. Се плашам да мислам на некого. Ме плашат нејзините прегратки. Колку се денеска подолги, толку утре ќе бидат поболни. Ме плаши нејзината убавина и фактот што некогаш ќе и припаѓа на друг. Ме плаши секој неизговорен збор кој со останатите тоне во мојава душа и ја прави претешка. Да можев да ја имам барем на нaдeжта. Да ме одбранеше од стравот. Или да беше тука вербата дека наредниот ден нема да го потрошам залудно…во борба со сопствениот страв. А стравот како страв. Ќе те фати и не те пушта. Барем не од оној момент кога ќе го упокоиш во себе.  Во оној ден кога полната месечина нема да ми биде сојузник…во оној ден кога нема да се плашам да слушнам зборови или видам слики кои траат со години. И знам дека ќе дојде тој ден… некој снег ќе ги покрие сите мои стравови, ќе ги затрупа сите отровни спомени и сите луди желби и планови…до некоја нова есенска  студена вечер.

Posted in лично | 6 Comments »

Понекогаш насловите се вишок

ноември 8th, 2010 од snowmen

Човек кој се срами од сопственото минато, си плука и на својата иднина. Овие мисли го бодеа секој пат кога се обидуваше да стори нешто за кое не беше сигурен. Можеби и затоа толку често буричкаше таму. А не дека сакше да биде така. Ама се случуваше. Одвреме навреме минатото знаеше да го повлече…да му ги отвори оние празни соби…исшарани со различни слики. И штом ќе влезеше внатре…бараше тетратки…листови…макар и автобуски карти да пише нешто на нив. Никогаш не ги наоѓаше. Не испиша ниту збор од своите мисли. Понекогаш посакуваше да стави хартија под перницата и таа да се претвори во индиго и да ги отпечати сите негови мисли. Впрочем тој пишуваше секој ден. Некогаш страна некогаш две, но ниту една не беше за него. Мислеше дека преку тие страни всушност кажува се што сака, но далеку беше од тоа. Мислеше дека низ тие зборови ќе го искаже или прикрие она што го мачеше. А го мачеше неизесноста…несигурноста. Го мачеше помислата и воопшто да размислува. Имаше прашања кои не смееа да чекаат одговори. Одговори кои тој ги немаше…ниту знаеше каде да ги најде.беше гладен за нив како верник за време на пости. Беше гладен…но не ги наоѓаше Едноставно се надеваше дека еден ден времето само ќе му ги донесе и ќе се смири. Тоа му даваше утеха се до оној момент кога сфаќаше дека времето и не работи баш за него и веќе во следниот момент беше психички отсутен од времето и просторот за да подоцна се врати целосно изморен од барањето одговори…од носењето одлуки. Поминаа уште неколку часови додека го мислеше сето тоа. Уште неколку празни часови поминати со самиот себе. Уште неколку воздишки поблиску до смртта. Уште неколку часови во кои минатото го повикуваше, а тој (без)успешно одбиваше да му се придружи.

Posted in лично | 3 Comments »

За се има време…

октомври 28th, 2010 од snowmen

Тој не примаше совети од никого. Одамна имаше изградено еден систем на вредности и цврсто се држеше до него. Понекогаш ќе направеше исклучок, и ќе тргнеше по некој туѓ патоказ. Брзо сфаќаше дека погрешил и се попираше на своите можности. Сепак сакаше одлугите да бидат негови, исто како и последиците или плодовите од таквите одлуки. Ниту одговорноста ниту резултатите не сакаше да ги должи на никого. Можеби беше така бидејќи претарано рано созреа па сфати што значат работите како одговорност, доблест, признание. Но од другата страна на паричката, можеби тој никогаш и не созреа. Но созреан или не, правовремено се фати со костец со животот. Неговиот се состоеше од подготовка на неколку испити до дипломирање, волонтирање во престижна компанија, и препуштање на ситни задоволства во меѓувреме. И тој ден започна идентично како и претходниот. Махинално влезе во автобусот во време кога тој и не беше така полн. Како по навика застана некаде пред последните седишта и гледаше низ прозорецот. По некогаш ќе погледнеше кој седи пред него, но никогаш не обрнуваше внимание. А и немаше некои бог знае колку интересни луѓе пред него. На последните четири седишта седеа бабичка и една скоро средовечна жена, која постојано беше опоменувана од бабичката. Следното столче беше празно на на крајното седеше пристојно облечен човек.

  • Седни си синко. – го покани бабата.

  • Не нема потреба добро ми е.- одговори љубезно колку што можеше и колку што ми дозволуваше расонетоста.

  • На факултет ли одиш? – бабата беше упорна.

  • Не, на работа одам.-врати безволно не сакајќи да се впушта во подолг разговор.

  • Ако ако убаво е тоа. Работи си…имаш време млад си ти…биди вреден се ќе си дојде самото по себе. Еве гледаш, ова до мене е ќерка ми. Триесет и шест години има. Малку има проблеми со психата, кутрата таа. Одиме во Драчево, таму има некој центар за такви како нејзе па да ја однесам, а вечер ќе ја вратам дома. Ми вика „мамо зар секој ден ќе одиме?“ а што да и кажам сирота…зар јас сакам да се малтретирам на стари години? А беше убава како девојче. Ама ете…некое запаление на мозок имаше. Та што знаевме ние на времето за тоа? Нека ја чува Господ и тебе нека те чува…не се секирај за се има време.

Загледан во нејзиното лице, сакаше да каже нешто. Нешто што би ја утешило, нешто просто, макар нешто религиозно иако во тоа не веруваше. Но целата ситуација му создаде хаос во мислите, онака утрински без првата доза кофеин. Затечен од тоа колку навистина бабата ја забележа неговата неизвесност, од се она што го мислеше, изусти едно Фала и продоложи да гледа низ прозорецот. Набрзо дојде до неговата станица и се симна. Можеби со часови размислуваше за двете жени од автобусот. Толку краток а толку значаен разговор. Доби приказна со поука од жена која никогаш и не би ја забележал да не седеше пред него. Не се согласуваше со нејзе дека има време за него. „ех бабичке да знаеш дека секој ден, веќе шест месеци работам по осум часа без да добијам ниту еден денар. Да знаеше дека како еден од најдобрите студенти пак нема да го добијам работното место, бидејќи прашање на време е кога ќе се појави лик што има вујко владика. Да знаеше дека со дипломата утре ќе печалам едвај за јадење и цигари, додека некој со три часа школо ќе ме прска сп својот џип на улиците полни вирови, додека се туткам додека го чекам автобусот“ тоа беше мислите што прво си ги помисли. Но осврнувајќи се на приказната со ќераката на бабата, петнаесеттина години постара од него, сфати многу работи. Во право била бабичката кога велеше дека има време. Па пред нејзе поминал празно изживеан живот на нејзината ќерка. Не таа не се радувала на дипломата на ќерка си, како што ќе се радуваат неговите родители. Можеби никогаш нема да дочека зет во нејзината куќа, како што неговите ќе ја дочекаат снаата. И згора на се, бабата никогаш не ги трошела своите пензионерски денови како што ќе ги трошат неговие. Покрај внучиња во топол дом. Со оглед на се, таа имаше потполно право за се што кажа. Оттогаш тој се промени. Во секој нов лик гледаше можност да чуе нешто ново, нешто поучно. Работата подоцна не ја доби, но во секоја нова прилика за работа, за жена…ги слушаше зборвите „За се имаш време“. Иако знаеше дека тоа минува, беше сосема сигурен дека наскоро ќе го добие она што го заслушува. Тоа го крепеше низ сите залудно потрошени дни

Posted in раскази | No Comments »

Реквијем за blog.com.mk

октомври 26th, 2010 од snowmen

Се започна некаде пролетта 2006 кога онака почетинички навлегував во информатичките заедници. Одеднаш и случајно дознав дека освен пребарување потребни информации на интернетов може и јас да имам своја страна (на нешто као сајте, а не е сајт). Со своите скромни интернет познавања и уште поскромен (дајл ап) интернет, станав дел од македонската блогосфера. Пишувањата и не ми беа кој знае што (што може 20годишник да напише освен празни блеблетења).  Нејсе, тоа и не ми беше поентата. Поентата лежи во друго. Во едноставноста и општата здрава атмосфера што лебдеше тогаш. Среќно време беше тогаш. Блогерајот беше место каде што навистина можеа да се прочитаат фантастични ствари. Од аналитички постови, до совршени раскази. Точно се знаеше кај кого што можеш да очекуваш. Многу работи научив за кратко време. Мозгајќи над општествените постови,  заебавајќи се на оние сатиричните (и нив ги имаше доста а и квалитетни беа). Целата блог-заедница функционираше на еден племенски начин. Секој почитуваше секого, секој му помагаше секого. Нет заедница каде што чиниш се собрала сета наша млада интелигенција. И тогаш дојдоа изборите 2006-та и се отиде у Хондурас… Сепак се уште имаше ентузијасти и кубуреше платформава некако. Дојдоа изборите 2008 и оттогаш платформафа им само моментални блесоци. Во најголемиот дел од времето е полски ќенеф. Секое ново логирање ми е проследено со надеж дека барем некаде ќе можам да потпишам еден коментар. Ама врти-сучи тоа е. Пун куп политички гнасотилаци, препукувања, закани…дебата на ниво на селска караница за меѓа. разно-разни глупости кои само џабе ги товараат серверите…штиркање поезија од нигде никаде (чест и поклон на исклучоците) која ја забораваш што кликнеш бек…чатање у коментари. Нема аналитика, ниту високо ниво на аргуметирање…нема идеи и планови…само голо копи-пејст и реметења. Секој што и малку држеше до себе ја напушти платформава…Лилит, Вокспопули, Ворм, Рибаро, Марлен, Енциклопедиа_галактика, Трибун, Баждарот…Бездомна,Срна…М.И.Л.А. источна…. и уште доста на кои не можам да се сетам ја правеа платформава пријатно место. Имаше доста за читање и доста занимливи дебати…ако ништо друго барем не се труевме со омраза како денес.

Во чест на оние кои дезертираа и оние кои ќе дезертираат.

Блогерајот е мртов,

Да живее Блогерајот

Posted in блогосфера, општество | 10 Comments »

Koј сум јас?

септември 20th, 2010 од snowmen

Јас имам се и ништо. Јас паѓам и станувам, и ползам и трчам истовремено. Јас никогаш не сум оној јас од вчера. Јас сум оној што во ист ден не може да ги сака и утрото и ноќта. Оној што што кога е трезен го има најпримерниот а кога е пијан најсељчкиот карактер. Господин и сељак. Уметник и пијаница. Јас сум оној што се плаши од есента, се радува на зимата а се раѓа во пролетта. Јас сум човек без ниедна маска, со стотици улоги, и никогаш не ја играм онаа улога што друг не ја посакува. Со едно пукање на прстите можам да разочарам човек, кој до вчера се колкел во мене. Јас сум ѓубре и необработен бисер. Јас сум оној кој во најголемата неазда на мисли ќе го изусти најпогрешниот збор. Оној кој ќе ти помогне секогаш кога ти треба, оној кој никогаш не бара помош. Оној кој после четири пива ќе сакаж да го имаш засекогаш, а веќе после седмото ќе го замразиш довека. Не е страшно да си јас. Пробуваш да поправиш лоши дела со убави зборови. И некогаш ти успева. Почесто не. Дури ни јас не го пишувам ова…знам, утре ке бидам некој нов…полош од денес…уште полош од задутре.

Posted in лично | 18 Comments »

Денот кога престанав да пишувам

август 16th, 2010 од snowmen
  • Ајде пиши нешто…некоја поезија

  • Уффф (ми се смачи длабоко во себе) Не можам. Не пишувам поезија. Тешка ми е.

  • Да а? А што пишуваш? Драми? (имаше иронија во нејзиното прашање, но поминав преку нејзе)

  • Ни драми.не сум доволно зрел за нив.

  • Ајде бе? Па што пишуваш тогаш? Сигурно не си од оние фрик-типови кои шкрабаат све и свашта и се умислени дека се некој и нешто?

  • Веќе ништо не пишувам. Немам потреба за тоа.

  • Аха…зар постои и таква потреба?

  • (Не ебате беља, пишувам коа ќе ми прдне си помислив во себе) Сигурно дека постои. Исто како што не јадеш кога ќе ти текне, туку кога ќе имаш потреба. Ете сега ја немам веќе таа потреба. Порано ја имав во голема количина. Се сеќавам, станував од кревет пишував две-три реченици, понекогаш само и два-три збора, и наредниот ден правев приказни. Некои вредеа, некои беа тотално ѓубре, но кога ќе се навратам на сиот мој минат труд…мислам дека е доста.

  • Доста? Па човече цел живот е пред тебе. Што не чини?

  • Си здосадив…и себеси…и на другите. Мислам дека постои и друг начин моите мисли да ги преточам во зборови…живи зборови…порано го пишував она што не можев или не сакав да го кажам. Од денес, нема да пишувам..или барем нема да пишувам за она што сум го спомнувал илјадници пати. Созреав…ми се допаѓало тоа или не.

  • Ејјјј ставрно? Па јас не сакам луѓе што се созреани. Па ја мислев ти секогаш ќе бидеш оној сонувач што го знаев отсекогаш…сега ќе ми биде глупаво да бидам со тебе.

  • (ја погледнав малку намќорски и се мислев што да и кажам) добро. Барем нема да откриеш како ми било мене додека бев со тебе…онака несозреана. (се издишав длабоко и станав од клупата)

Posted in лично, раскази | 5 Comments »

Пропадната држава

август 12th, 2010 од snowmen

Пропаднато здравство…Крш од економија…Пролупано образование…Раскантано судство…Скапано новинарство…Мизерен спорт…

Ова е дефинитивно пропадната држава!

*(Авторот беше инспириран од: разнебитувањето на државните болници; економијата која се држи на стаклени нозе; проблемот со учебниците и факултети во секоја маалска продавница; инструментализираното судство; дешавките со медиумите; 1:1 со Малта…)

Posted in општество | 5 Comments »

Туѓи мисли од далечина

август 10th, 2010 од snowmen

Додека нерасонет ја отворав вратата одсјајот од синото плико ми ги заслепуваше и онака позатворените очи. Некако збунет, сепак успеав да го прочитам своето име на ковертот кој судејчи по марките и печатите доаѓаше од далеку. Не очекував никакви писма, и пратки да бидам искрен. Впрочем, она што го прочитав, слушнав, видов не беше ниту писмо, но јас сакам да биде, а на тој што пишува нели се му е дозволено?

„Ми текна на некои твои зборови додека немо ја набљубував месечината. Ми текна на сите оние препирки во кои се инатевме кој повеќе ја сака полната месечина. Ми тена и на сите твои жалби, за тоа како зад тебе имаш потрошено илјадници залудни ноќи, и еден куп растурени утра. Сега, одовде под ова небо, од оваа временска дистанца, се ми изгледа толку смешно. Во право беше кога кажа дека времето најлесно брише се. Толку тешко изгледа, а толку е лесно се да мине низ тебе. Знаеш, се за што си се каел и се за што си помислил да се каеш, завиткај го во стара крпа и сокриј го на најтемното место. Времето, и овака и онака ќе ти покаже дека не си бил во право. Ете, само така ќе можеш да ги трошиш годините без да се плашиш од нив. Знам, ќе речеш дека остаревме. Ќе се сложам со тебе. Но нели е тоа најниската цена што можеме да ја платиме во процесот наречен созревање? Колку далеку сега ми изгледа беазгрижното и едноставно дишење еден покрај друг додека единсвено ветрот беше сведок на нашето постоење. Колку ли време мина кога последен пат се огледувавме во очите на другиот? Но знаеш што? Не ми фалиш повеќе. Мислам на тоа дека не ми фали твојот, глас, и твојот божемно намрштен поглед кога намерно те нервирав. Не не ми фалат воопшто. Понекогаш (само понекогаш!) ми фали онаа твоја енергија, кога самото твое присутво беше доволно денот да биде поубав. Фала му на мојот карактер што не ми стана навика. Бидејќи и вака е доволно тешко, да замислувам дека делам нешто со тебе, а веќе следниот момент да сфатам дека најубавите слики се цртаат во еден здив. Да сфатам дека иднината нема да ми го донесе минатото. Во спротивно не би била иднина. Се надевам дека во твојава омилена игра на зборови, ќе сфатиш што авторот сакал да каже. Немам друго да ти кажам, освен, дека продолжувам и најблиската иднина што побрзо да ја претворам во најдалечно минато.“

Наместо поздрав, ти оставам аманет. Да бидеш задоволен од себе исто колку и јас.

Со љубов,

Некогаш искрено твоја, Н.

Секој збор што го перцепирав, имаше кратка вредност во моето сеќавање. Некако се бев навикнал работите брзо да ги заборавам, па така беше и сега. Пред да помислам на било што, го завиткав писмото во стара и излитена крпа и го сокрив на најтемното место.

Posted in раскази | 2 Comments »

« Previous Entries