страници

 

февруари 2010
П В С Ч П С Н
« јан   мар »
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728

Бројач

Превртен разговор

февруари 21st, 2010 од snowmen

-Што правиш кога не правиш ништо? – праша заинтересирано

-Замислувам дека не мислам на ништо. – и одговорив отсечно.

-Да? А често ли ти се случува?

- Па скоро никогаш.

-И? Интересно ли е?

-Не. Освен тогаш кога што нема некој што ме распрашува.

-Аха. Значи јас сум виновникот.- заклучи таа, и ме погледна а јас не можев да оддолеам на тој сладок поглед

-Грешиш! – извикав. Јас сум си виновникот. Јас сум оној што влегува од една грешка во друга. Нели гледаш дека овој свет е погрешен…барем за мене.

-Ма неее. – пробуваше да ме утеши или премисли. Овој свет не е ништо освен рефлексија на она што сакаме да го видиме. Смени го погледот.

-Да. Ќе го сменам еве овде и сега. – замолчив за неколку секунди и продолжив. Еј го сменив. Еве ти веќе не си онаа што ја знаев пред малу. Не си она паметно и ведро девојче. Чекај..чекај па ти си само здодевна и остарена госпоѓа која тормози недолжни минувачи. Аууу па јас не разговарам со такви. Пријатно. – и свртев грб и продолжив да чекорам

-Хаха добар си…

Не и одговорив, и продолжив да чекорам.

-Еееј! Врати сееее. – нејзиниот глас стана се подалечен.

- Доцна е веќе!. Го сменив светот. – извикав, а во себе сакав да и кажам да не дава совети. Па ако толку знае нека го смени сопствениот свет. Никогаш не ги засакав оние кој даваат совети а не ги применуваат на себе. Можеби затоа што и јас бев ист како нив.

Posted in раскази | 4 Comments »



4 Responses to “Превртен разговор”

  1.   novajlija Says:

    Многу е лесно да кажеш некому што не му чини и што да смени,ама да го примениш тоа не е така лесно.Сепак напередок е ако воопшто си свесен за тоа…многумина не се…

  2.   snowmen Says:

    Баш така Новајлио, ја можда сум свесен ама никако да променам нешто…не иде и не иде

  3.   виолетова Says:

    oох, ама ме погоди со муабетов…
    ама обратен е – во смисла на женско-машкиот аспект :(

  4.   snowmen Says:

    хехех Виолетова, мора да биде обратен. Во спротивно нема да биде интересно :P

Напишете коментар